Манекенката Џиџи Хадид денеска го слави 24-тиот роденден, а нејзината кариера трае исто толку. Првата работа ја добила на две години кога го рекламирала брендот “Guess“.
Се појавила на насловните страници на сите поважни модни списанија, а во 2016 година ја доби наградата за манекенка на годината. Џиџи се појавуваше во спотовите на Тејлор Свифт и на својот сегашен дечко Зејн Малик, а лани се престави со колекција која ја дизајнираше заедно со Томи Хилфигер. Таа беше и еден од ангелите на Викторија Сикрет.
Вистинското име и е Јелена Нура Хадид, а прекарот и го дала мајка и, некогашната манекенка , Јоланда Хадид.
– Кога бев мала ме викаа Џиџи. Во прво или во второ одделение во класот имавме девојче кое се викаше Јелена, па учителката ја праша мајки ми дали имам прекар. Мајка ми рече дека понекогаш ме вика Џиџи, и така остана, – раскажа манекенката во интервјуто за “Вог“