Менаџерот на пејачката српска легенда Шабан Шаулиќ, Звонко Грујиќ, откри дека името на кралот на српската музика бил без ниедна дамка во неговата кариера. Неговата вдовица Гордан ги вратила парите на газдите на локалите за закажаните настапи до 2021 година, кој претходно, однапред ги платија. Тој се осврна и на тестаментот што го оставил Шабан.
– Прво, ќе кажам дека Гоца е прекрасна жена и вистински борец. Таа им ги врати сите пари на газдите за предвреме закажаните настапи на Шабан. А јас се што направив во животот, му го должам на Шабан со кого почнав да работам пред 17 години. Нормално, во тестаментот се остави на жената и децата. Да не беше Гоца, Шабан сите пари ќе ги потрошеше. Тие функционираа одлично. Гоца успеа сите три деца ди ги школува – вели Звонко за “Свет“ и додава:
– Шабан му помогна и на својот вонбрачен син Роберт. Му направи куќа, го носеше во Виена и му најде работа, но тој не сакаше да работи. На запад неможеш да седиш и да добиваш пари. Неможеше Шабан да оди понего и да работи за него.
Инаку, Шабан Шаулиќ загина пред повеќе од два месеци во сообраќајна несреќа во Германија.