Македонци на изложбата на Корубин на Каролина, во Њујорк (ФОТО)

by Тони Зографски

Сопругот на Каролина Гочева, ликовен уметник  Михаил Корубин  во четвртокот во галеријата  МЦ во Њујорк имаше изложба на 15 големи платна во масло и акрилик , наречена “Gaze“ или поглед на македонски, . Покрај Каролина на отворањето на изложбата присуствуваа Македонци кои живеат и работат во Њујорк, како и њујорчани.

Меѓудругите чест на Корубин му направи македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев кој со години живее и работи во Њујорк, а беше еден од соработниците на Каролина која ја отпеа неговата песна „Зборови немам“.

Покрај него тука беше и стариот соработник на Дуке, македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кој исто така дојде да му даде поддршка на уметникот Корубин.

 

останати вести