Фолк пејачката Џесика Палашоска сподели своите спомени од нејзиниот одмор во Тајланд.
– Отсекогаш ме фасцинирале патувањата, запознавањето на нова култура и начинот на живот на другите народи. Сакам да патувам и да откривам нови и интересни места“ – напиша македонската фолкерка.
Меѓудругото Џесика се пофали дека таму се бањала со слон.
– Ама кога животот ќе ти даде можност да се капеш со слонови и слонот да го погалиш по сурлата, тогаш обајцата уживате во капењето… А слонот во галењето! И тој знае, а и сака, дека не се случува секој ден да го погали по сурлата, ваква нежна и мека женска рака! – напиша Џесика.