Пејачот и бизнисмен Дарко Гелкев – Брејк и неговата сопруга, Драгана Клопчевска утрово добија ќерка. Пресреќната мајка Драгана објави фотографии од ќерката Деа, која се роди во една приватна скопска болница.
„Во 03:44, денес се роди Деа, 3340 грама, 52 сантиметри со апгар тест 9/10. Те сакаме малечка наша“, напиша Драгана на својот Фејсбук профил.
Постариот син на Драгана и на Брејк, Давид има неполни шест години, а Брејк има син и од првиот брак.