За фронтменот на „Нокаут“ Никола Перевски –Пере средата му беше ден за дупло славење.
Имено Пере на својот Фејсбук откри дека вчерашниот ден им поминал со два родендени кои ги прославија во домашна атмосфера со најблиските. Неговата помала ќерка Каја наполни 12 години, а пак неговиот татко Бранко, 68 години. Двајцата имаа една заедничка торта во форма на грамофон и заеднички дуваа на свеќичките.
-Внука и дедо во ист ден… Да ми се весели, здрави, живи. На ќерка ми и татко ми среќни родендените и за многу години – напиша Пере под фотографијата.