Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd ( www.hairclinicbalkan.com )
Современите трендови во областа на трихологијата се поврзани со се поголемото познавање на карактеристиките на матичните клетки, затоа што се откриени многу механизми кои доведуваат до регенерација на ткивото. Различните методи на третман, кои се актуелни, делуваат на матичните клетки на фоликулот на влакното и на сигналните патишта меѓу матичните клетки, директно стимулирајќи ја функцијата на фоликулот и растот на ново влакно.
ПДО третманот (скалп трединг) е вид дермална терапија која со апликација на колагенски нишки во поткожното ткиво, го стимулира растот на нова коса и ја продолжува фазата на раст. Значи, ПДО третманот ја стимулира, одржува и зацврстува косата, преку стимулација на матичните клетки во коренот на влакното. Интересно е дека една единствена апликација на мезоконци резултира со долгорочен раст на косата, кој почнува од третиот месец после третманот и трае 1 година. Со оглед на долгорочните и пролиферативни потенцијали, ТЕТ се смета за одличен нов терапевтски метод за пациенти со алопеција.
За 12 недели од ТЕТ третманот, сите пациенти покажуваат значително зголемување на бројот на влакна, потврдено со зголемување на густината на косата (40%-75%; просек од 57% подобрување), број на влакна трихоскопски прегледан е исто така зголемен (48-93 фоликули/cm2; просек 67 фоликули/cm2).
Искуство во трихологијата и добра едукација за овој метод се неопходни за да се постигнат резултати. Секоја импровизација, би резултирала со опаѓање на косата.
Косата игра многу значајна улога во идентификацијата на личноста и делува како аксесоар, референца на убавина. Волуминозна коса според тоа значи здравје и младост, а губење на косата може негативно да влијане на психосоцијалниот статус и квалитет на живот. Само неколку дерматолошки проблеми имаат толку суптилно емоционално влијание на повеќе нивоа како губењето на косата, како кај мажите така и кај жените.