ОТКАКО И ПОМИНА ЗАБРАНАТА: Бившата на Том Круз веќе не го крие дечкото  (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната сопруга на Том Круз, глумицата Кејти Холмс веќе не ја крие врската со Џејми Фокс.

Таа конечно откри: “Да во врска сме“, напиша Кејти.

Главната причина што врската се чуваше во најстрога тајност е Том Круз. Имено, по пропаѓање на бракот кој траеше од 2006 до 2012 година, Кети добила забрана пет години да не смее да “влегува“ во емотивна врска. Препрека било и тоа што Џејми бил поранешен близок пријател на Том, па врската ја сметал за чин на одмазда. Исто така и самиот брак на Том Круз и Кејти Холмс бил инициран од начелата на сајентологијата во кој актерот е многу активен.

Том и Кети ја имаат ќерката Сури чиј старателство и припадна на мајката.

останати вести