Пејачката легенда Тома Здравковиќ има ќерка Жаклина која ја доби со неговата прва жена Олгица, од која подоцна се разведе. Жаклина живее во Холандија и во добри односи е со својот полубрат и вдовицата на Тома.
– Еден период живеев со Тома и кога почина бев многу тажна. Живееш со фактот дека тој е дел од тебе, дека постои во мене, кај мојот брат, во песните, кај другите луѓе кои им остави убави чувства – изјави Жаклина која истовремено откри дека песната “Киша је падала“ и е омилена од опусот на нејзиниот татко.