,, Старбакс “ ја отвори својата прва продавница за кафе во главниот град на Србија.
На ,,Кнез Михаилова“, познатата пешачка улица во Белград, и вториот работен ден на популарниот кофи-шоп се чека во редици за шолја вкусно светски препознатливо кафе.
Кафето во ,, Старбакс“ е нешто поскапо од она во околните кафулиња, но светскиот синџир очигледно е добредојден кај белграѓани.
Инаку, “ Старбакс“ кафулето во Белград се простира на површина од 175 метри квадратни, има 104 места за седење, вклучувајќи ги и 41 на терасата.