Славната актерка, пејачка и танчерка Џенифер Лопез конечно ќе добие признание за својот моден стил. Таа во текот на својата кариера имаше многу незаборавни модни моменти, како што е оној кога на доделувањето на Греми наградите во 2000 година, на црвениот тепих се појави во легендарниот Версаче фустан со длабоко деколте.
За својот придонесе во модата Џенифер ќе ја добие наградата за модна икона, што ја доделуваат Здружението на модните дизајнери од Америка.
“ Стилот на Џенифер Лопез е одважен и секогаш значаен. Дизајнерите ја обожуваат и со задоволство ја облекуваат за нејзините настапи“ -изјавил претседателот на Здружението.
Таа наградата ќе ја добие на 3 мај, со што ќе им се придружи на Наоми Кембел, Ријана и Бијонсе.