Иако кај и да се појави воодушевува со својот изглед, славната италијански дива Моника Белучи беше критикувана од модните критичари на неодамнешната церемонија “Diner du Cinéma“.
54-годишната актерка за оваа прилика избра фустан на преклоп со модерни анимал дезени, дизајниран од Александер Вотијер. Но фустанот падна во втор план со другите детали.
Имено, Моника одлучила со фустанот да облече црни сандали на платформа, со отворени прсти, кои ги креираше Кристијан Лабутен. Исто така критика добила и за црните најлон чорапи кои и го расипале одличниот стајлинг на славната Италијанка. Критичарите и замеруваат и затоа што ја земала црната Шанел торба које била премногу темна за нејзиниот “аутфит“.