Париското Обвинителство почна истрага за пожарот во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз. Неофицијално се претпоставува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.
Стручњаците сметаат дека човечкиот фактор е најверојатно причина за пожарот бидејќи реновирањето на катедралата била во тек.
“ Поголем дел од катедралата е изградена од дрво така да пожарот не можеше да се контролира. Многу е веројатно дека невниманието при работата ја предизвикала катстрофата, но не e исклучено пожарот да бил и подметнат“ изјави еден од гостите во емисијата на СНН.
И “Њујорк Пост“ објави статија во која тврди дека пожарот е предизвикан од реновирањето на катедралата. Истиот сомнеж го имаат и највисоките француски званици.
Инаку, во соопштението на париската полиција се потенцира дека пожарот избувнал во делот од катедралата каде се извршувале градежни работи.