Војниот коментатор Мирослав Лазански ќе биде нов амбасадор на Србија во Русија. Српската влада на вчерашната седница го прифатила предлогот Лазански да биде нов амбасадор во Москва.
Тој на амбасадорското место ќе го наследи Славенко Терзиќ чиј четворогодишен мандар му истече уште во 2017 година.