Поранешната Мис на Македонија, Стефани Борсова, која оваа титула ја понесе во далечната 2010 година, ќе стане мајка по втор пат, откри таа во интервју за Хепи телевизија. Стефани која брзо по изборот се повлече од јавниот живот и се омажи веќе има син.
Интересно е дека поранешната убавица всушност и не живее во Македонија. Со години води мирен живот во Сремска Митровица и е сопственичка на слаткарница и кафуле.