Влатко Стефановски за хрватските медиуми откри зошто подолго време нема снимено нови песни. Тој имал инспирација, но снимањето го одложил поради смртта на сопругата.
– Животот околу мене е инспирација. Обично се инспирирам наутро, додека не се развлекол денот. Го користам тој утрински мир, си праваам кафе и ја грабнувам гитарата. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата немам издадено нов албум, а кога тоа ќе се случи ќе видиме кому ќе ги посветам песните на него, – изјавил Влатко за хрватските медиуми,
Инаку, македонскиот виртуоз заедно со загрепската филхармонија, во петокот имал спектакуларен концерт во салата “Лисински“ во Загреб.
(Фото: М. Шолиќ)