Српската пејачка Снежана Ѓуришиќ си го прибра дечкото, докторот Вања Милошевиќ во луксузната вила која ја изгради со својот починат маж, Слободан Гвозденовиќ.
– Неколку пати изјави дека се чувствува осамено, а претходно со докторот живееја во посебни станови. Сега тој се всели кај неа во вилата. Докторот го вози и нејзиниот автомобил и тие се нерадвојни, – вели извор за “Свет“ и додава:
– Снежана во него има голема доверба бидејќи се работи за сериозен маж. Иако има многу обврски во болницата, тој ја носи на снимање и и го пружа целото внимание на Снежана.
(фото: Д. Удовичиќ)