Втора година по ред пред катедралата во Милано се одржува посебен моден перформанс во организација на италијанската инфлуенсерка Лаура Бриосчи наречен “Body Positive”. Жени со различни пропорции на телото, бојата на кожата и други карактеристики, се преставија пред присутните и го потврдија позитивниот став кон своето тело.
Главната порака на модната ревија беше, не за дискриминацијата и да се ослободиме од предрасудите за своето тело.
Околу 150 девојки го поддржаа овој проект и продефилираа во бела долна облека на “Лиска“. Меѓу нив биле моделот Фабиана Пасторино, моделите со поголеми пропорции Зуза Закревска од Полска и Шарон Гробен од Германија, блогерката Бенедета Де Лука, као и инфлуенсерката Нина Рима.