“Разија е машко“, беше скандирањата во салите што ја следеше највисоката кошаркарка во екс Југославија, Разија Мујановиќ во текот на кариерата. Не само што беше најдобра, туку со 2,2 сантиметри по висината секогаш беше во преден план. Таа денеска е непрепознатлива.
https://www.instagram.com/p/BtsqGbHhTVy/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Инаку, Разија Мујановиќ е синоним за женската кошарка во Југославија. Таа беше еден од најдоминантите и највисоки центри во времето кога настапуваше за екипата Јединство АИДА од Тузла. Кариерата ја почна во 1982 година, а настапуваше повеќе од успешно во следните 27 години. Во 1999 година беше дел и од женската ВНБА-лига во дресот на екипата на Детроит. Таа во 2017 година беше примена во куќата на славните на Светската кошаркарска федерација.