(Фото: АП)
Рускиот претседател Владимир Путин својата десна рака речиси никогаш не ја движи поради интезивната обука во КГБ, а не заради Паркинсова болест, објави Британскиот медицински журнал во својата студија.
Тим на неуролози од Португалија, Италија и Холандија ги анализаа положбата и движењата кои можат да бидат први симптоми на некоја болест, а научниците биле изненадени на начинот на кој Путин се движи, пренесува агенцијата АФП.
При анализата се гледа дека неговата лева рака го следи движењето на Путин, додека десната е потполно вкочанета што е чест знак на Паркинсова болест. Но, докторите не нашле други симптоми, туку напротив, рускиот претседател има одлочни моторички способности, се занимава со џудо, плива и дига тегови.