Гробиштата и прават проблем на Северина (ФОТО)

by Тони Зографски

Северина има голем проблем како да го продаде својот стан бидејќи тој гледа кон гробишта. Хрватската пејачка поради големиот кредит од 800.000 евра и намалената работа, го нуди својот стан во Загреб за еден милион евра, но како што објавуваат медиумите, тешко дека ќе ја земе таа сума.

– Северина порадо големите долгови, бара начин да се извлече од големиот минус. Прво, го понуди својот луксузен стан и беше убедена дека веднаш ќе најде купувач. Иако станот е на добра локација тој има поглед кој гробиштата Мирогој, што е голем проблем – вели извор близок до Северина.

Инаку, претходниот месец беше тежок за хрватската пејачка. Прво ја прекина соработката со својот менаџер со кого претходно работеше 17 години, па и пропаднаа неколку тезги и спонзорски договори, а се раздели и со својот адвокат.  Потоа го отпушти и менаџерот за односи со јавноста Давор Гргин како и басистот во групата Хенри Радановиќ.

За новиот албум Северина искешира над 100.000 евра, но изостанаа настапите бидејќи песните не го привлекоа вниманието на публиката.

останати вести