Свила, бисери и свилено жерсе се изборот на материјали за новата лимитирана сензуала и софистицирана модна колекција на Ивана Кнез, насловена како Бе Ме – Бе drАМА. Таа со својата фото приказна ја прикажува Драма од почетоците на двата бренда Drama & Lovecats, костимски пристап на современа мода, проткаена со многу емоции, чиста страст, бисерна љубов, продуцирана од екипа на луѓе што поместува граници за квалитет.
„Денеска полнам 34 години и никогаш не сум се чувствувала подобро. Изгледот доаѓа сам по себе, заедно со прекрасен тим на луѓе е возможно да се постигне се. Во време кога како никогаш претходно фокусот е на личен развој, физички и психички, ставам акцент на самодоверба и развој на карактер. Промена на сопствени стандарди со цел подобрување, промена на тело и промена на основен сетинг на размислување, за поквалитетен живот.“ -вели, Ивана Кнез, сопственичка и моден дизајнер на Драма Студио.