Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Фитнес претставува најмасовен облик на искористување на слободното време во Европа со повеќе од 50 милиони членови и заработка од 23.6 милијарди долари за 2016 година. Фитнес е термин кои секојдневно се користи, а малку луѓе можат да го дефинираат. Често се споменува за некој луѓе дека изгледаат фит ( физички изглед ), дека му е добар фитнесот ( физичката конфиција ), или кога одат на фитнес ( кога говорат за некоја телесна активност ).
Тоа се поими кој најчесто се користат и се составен дел комуникацијата каде луѓе разбираат за шти се работи . Меѓутоа за квалитетно сваќање на фитнесот односно дали сме фит или некој е фит, дали некоја особа е во добра кондиција , дали дадената активност одговара на стандардите на фитнесот потребно е да се наведе дефиниција.
Фитнесот се дефинира како состојба и услуга.
Фитнесот како состојба
За да бидеме појасни потребно е да се потсетиме на дефиницијата за здравје . Здравје преставува состојба на комплетно физичко, психичко, емоционално и сацијална благосостојба , а не само одсуство на болест.
Значи, во однос на изнесеното, фитнесот како состојба се однесува оптимален квалитет на физичките и менралните карактеристики за квалитетно одвивање на секојдневните активности.
Цели на фитнесот :
1. Намалување на ризикот за појава на заболувања
2. Подобрување на квалитетот на животот
Според светската здравствена организација секоја четврта индивидуа во светот е физички неактивна, односно, физичката неактивност се наведува како главен фактор во зголемување на ризикот при појава на незаразни заболувања. Постојат голем број на докази кои наведуваат дека редовната и континуираната физичка активност значајно влијание врз намалувањето на појавата на овие незаразни заболувања.
Квалитетот на животот се подобрува не само поради наведените здравствени бенифити од вежбањето, туку и од социјализацијата, зголемената енергија како резултат на излачување на позитивните хормони во телото кои го подигнуваат расположението.
Фитнесот како услуга
Фитнесот како услуга се однесува на фитнес центрите кои овозможуваат спроведување на телесни активности. Таков тип на центри ги има многу и секој центар кои обезбедува спроведување ма телесна активност може да се нсрече фитнес центар.
Посебна гранка на фитнесот кои се третира како услуга е здравствено-насочен фитнес.
Компоненти на здравствено-насочен фитнес се:
– Телесна градба
– Мускулна издржливост
– Кардиореспираторна издржливост
– Флексибилност
– Снага
Фитнес индустријата постојано расте и според некои анализи се очекува до 2025 година да надмине преку 80 милиони активни членови. Со правилен и стручен пристап може да се намали ризикот за појава на болести и да се подобри квалитетот на животот, а притоа да не дојде до некоја повреда и негативна нуспојава.