Веселбата на семејствата Поп Христови и Родригез на свадбата во Еквадор (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Преку фотографии објавени на својот фејсбук профил Гордана Деан Поп Христова, сопруга на актерот Кирил Поп Христов – Кили,  долови дел од свадбената веселба на која нејзината ќерка Јоана во Еквадор се омажи за Родригез Сориа Хосе Луис. Избраникот на Јоана има 30 а таа 24 години и во јуни ќе станат родители. Тие заедно биле четири години, а претходно биле најдобри другари.

Инаку, интересен е коментарот на Гордана околу земање на презимето на мажот.

“Другари во Латинска Америка жената не го зема презимето на мажот и кога прашавме за тоа, женскиот дел од фамилијата беше згрозен: како тоа на мажот презимето, па он не ме поседува, јас не сакам да менувам презимето од моите родители. Децата имаат 4 имиња, два имиња и два презимиња. Едно име бира мајка, друго татко то, а презимињата се од двата родители“ – напиша таа на својот Фејсбук профил.

Posted by Robert Guale Lliquin on Tuesday, March 26, 2019

останати вести