Холивудската актерка Кети Холмс се труди својата 13-годишна ќерка Сури која ја доби во бракот со Том Круз максимално да ја заштити од очите на јавноста. Таа речиси никогаш не објавува фотки од неа на својот Инстаграм профил, но овој пат направи исклучок.
Малата Сури со едно дете е фотографирана во бегалскиот камп Моира во Грција. Очигледно е дека Сури многу личи на татко и Том Круз. Мајката и ќерката таму беа една недела роботејќи и дружејќи се со жените и децата од кампот на островот Лезбос.
Актерката под сликата напиша: “Ги сакам овие жени што ми станаа пријателки додека соработувавме на повеќе проекти неделава. Многу сум благодарна на тоа искуство.“