Откакоа актерот Кирил Поп Христов и кореографката Годрана Деан Поп Христова преку социјалните мрежи открија дека нивното чедо Јоана се омажи во Еквадор, Гоца почувствува потреба повторно да се огласи на својот профил и да опише во какво семејство влегла нивната ќерка.
– Другари мили, фамилијата на зетот ни е традиционална и живее по сите старо еквадорски правила: многу љубов, поврзаност, многу деца, среќа е тоа што го имаат, едноставен живот. Јоана ја прифатиле како да е нивна. Им припремиле забава за младенците во нивниот стил, сестрите на зетот спремиле храна, торти и го украсиле локалот со сета љубов и грижа. Прекрасни луѓе, фала!, напиша Гордана во статусот.
Инаку, Јоана се омажи со Родриген Сориа Хозе Луис со кого беше во врска подолго време и наскоро ќе стане мајка.