Поранешен француски известувач и автор на шпионски романи, 57-годишниот Даниел Форестијер е пронајден изрешетан на француските Алпи. Неговото тело е пронајдено во локва крв на локалниот пат недалеку од Женевското езеро, на 15 километри од местото на живеење.
Полицијата вели дека убиството е дело на професионалци и дека Данијел е застрелан во градите и главата.
Форестијер е застрелан со 5 куршуми, после само 6 месеци од покренувањето истрага против него поради улогата која ја имал во планираниот атентат на генералот Фердинанд Мбоа, жесток притивник на претседателот на Република Конго.
Форестијер бил 14 години припадник на француската контраразузнавачка агенција и наводно дел од специјалната единица која извршувала супертајни и „чувствителни операции“. Данијел со сопругата и двете деца живеел во селото Лусанж.