Македонскиот актер Кирил Поп Христов и кореографот Гордана Деан Поп Христова во Еквадор каде што живеат ја омажија ќерката Јоана (25) која очекува бебе.
Веста на социјалните мрежи ја објавија и Кили и Гордана.
“Ете…го доживеав и ова. Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш .. и знаеш да сакаш .. и сакаш да сакаш. Бебето ке биде маестрален производ на тоа силно сакање,“ напиша Кили.
“Се омажи нашето бебе и ќе има бебе“, напиша Гордана.
Инаку, Јоана се омажи со Родриген Сориа Хозе Луис со кого беше во врска подолго време. Кили со семејство одамна се пресели во Еквадор.