Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ се избори во борбата со ракот. Последната конотрола покажала дека таа нема повеќе малигни ќелии.
Според извор близок до Марина, вербата за оздравување одиграла огромна улога.
– Ова навистина е чудо, сите сме пресреќни. Кога ги доби резултатите Марина занеме од среќа. За тоа заслужни се и скапите третмани, специјалната исхрана, многу алтернативни методи. Сепак, Марина смета дека вербата во Бога е најважна. Таа често посетувеше еден манастир во близината на Белград, – открив изворот и додава:
– Таму оставаше парични прилози на иконите, а за неа на секоја литургија се молеа дури седум свештеници. Таа и натаму е уверена дека вербата најмногу и помогнала во борбата со ракот. Марина препорачува на сите кои боледуваат од оваа болест да се свртат кон верата и црквата и никогаш да не губат надеж.
(Фото: Д. Кадиќ)