Само неа не ја видовме гола во “Сексот и градот“

by Тони Зографски

Актерката Сара Џесика Паркер, позната како колумниската Кери Бредшо од “Сексот и градот„ го прослави својот 54 роденден. Сара е интересна актерка  и има неколку поединости од нејзиниот живот кои малку кој ги знае.

  1. Не сакала да се пријави за улогата на Кери.

Таа во прв момент била резервирана околу прифаќањето на улогата, па дури кога нејзиниот агент (сопруг) Метју Бродрик и рекол дека би било глупо да одбие таква улога, Сара прифатила.

  1. Се омажила во црн фустан

Во мај,1997 година Сара и Метју се венчаа, а невестата носела црн фустан.

“ Ми беше срам да се омажам во бело, а ни Метји ни јас не сакавме да привлекуваме внимание. Секако се каам поради тоа“, открила актерката.

  1. Била со Роберт Дауни Џуниор кога тој се лечел од зависност

“ Сакав да пијам, имав проблеми со дрогата, но тоа нејзе не и беше важно. Ми понуди дом и разбирање. Се обиде да ми помогне. Ќе ме отрезнеше, па одевме да купуваме мебел. Таа е сила од жена“, – изјавил Роберт.

 

  1. Само таа не се соблече во “Сексот и градот“.

Според догоговорт Сара Џесика Паркер нема ни една гола сцена во “Сексот и градот“ за разлика од нејзините колешки: Ким Катрал, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

останати вести