Минатата недела Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го прославија првиот роденден на синот Лука и му подарија ни многу ни малку туку стан во вредност од над милион евра во Минхен. Тие планираат станот кој се наоѓа во еден од најатрактивните квартови на Минхен да го рентаат до полнолетството на Лука.
– Ана и Бастијан вложуваат во иднината на својот син. Не размислуваа многу околу роденденскиот подарок и се одлучија за нешто што ќе му значи на Лука за цел живот. Недвижнините никогаш не губат вредност, особено во Германија. Бастијан е емотивно врзан за Минхен. Таму играше фудбал а таму му живее и семејството, – открива извор за курир.рс и додава:
– Тоа е една од најдобрите локации во Минхен. Станот има 150 квадрати, три спални, една детска, голема соба за дневен престој, огромна тераса, гаража, кујна и две бањи. Интересно е што се е на копче. На пример, ако сакате да слушате музика само изговорете го нејзиниот изведувач и веднаш уредот сам се вклучува.
Инаку, Бастијан Швајнштајгер заедно со Ана живеат во Чикаго бидејќи тој настапува во тамошниот американски прволигаш.