Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гостувајќи на една турска телевизија најави дека најголемиот турски споменик на културата, познатата Аја Софија, повторно може да биде претворена во џамија за да можат сите бесплатна да ја посетат.
“ Веднаш покрај неа е Плавата џамија и туристи од сите вери ја посетуват бесплатно. Зошто не би можело истото да се случи и со Аја Софија“, изјави Ердоган.
Инаку, готово 1600 години старата градба е изградена во 415 година. По отоманската окупација таа е претворена во џамија. Во 1935 годиниа Мустафа Кемал Ататурк ја претвори во музеј, а во 1985 година влезе под заштита на УНЕСКО.
Изјавата на Ердоган предизвика реакции ширум светот, особено кај Грците, кои Аја Софија ја сметаат за стратешко место на грчкиот народ бидејки кога била претворена во џамија, во 15 век, таа била место на масовно злосторство над неисламското население.