НИШТО ОД ОДМОРОТ ЗА 1.300 ТУРИСТИ: Норвешки крузер се расипа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Околу 1300 луѓе чекаат да бидат евакуирани, откако на норвешкиот крузер “Вакинг Скај” на сред невреме му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка.

Во соопштението на Поморската служба на Норвешка,  е соопштено едека туристичкиот брод струјата го носи кон копното и оти посадата испратила повик за помош.

Спасувачките екипи со хеликоптери и бродови се тргнати кон местото каде што се наоѓа крузерот, а на копно се подготвува терен за евакуираните патници.

Крузерот е сопственост на групацијата “Вајкинг океан крузес”, на норвешкиот милијардер Торстеин Хаген. Според официјалните информации од сајтот на компанијата крузерот можел да прими 930 патници.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com