Познатата травничка ќебапчилница „Хари“ во БиХ вчера ја претстави најголемата порција ќебапи досега. Во огромна лепиња од 1.5 метар вработените од ќебапчилницата за 30 минути испекоа и бесплатно послужија 2.160 ќебапи по повод празникот на градот Травник. 300 негови граѓани за 15 минути ги изедоа сите ќебапи.
.Инаку, жителите на Травник се пофалија дека нивните ќебапи се на врвот на најдобрите јадења на Taste Atlas и сметаат дека е крајно време да се заштити ќебапот во БиХ како традиционален јадење.
https://www.facebook.com/cevabdzinicahari/videos/2284141355175690/?t=0
https://www.facebook.com/cevabdzinicahari/videos/2124828794223165/?t=0