Славниот диџеј и продуцент Дејвид Гета (51) побудале по неговата нова девојка, 27-годишната Џесика Ледон. На една од плажите на Мајами, во црвена танга, таа ги мамеше погледите со својата бомбастична фигура, а Дејвид не ги симна рацете од 24-години помладата девојка.
Инаку, атрактивната Кубанка која е израсната во Мајами, е актерка која во тинејџерските години се занимавала и со мода и танц. Ледон е причината поради која Гета после 22 години брак се разведе од сопругата Кетрин Лоб со која има две деца, 13-годишен син и 9-годишна ќерка.