Автомобилот “форд фиеста“ на српската фолк пејачка Гордана Божиновска излета од патот утринава околу 5 часот во близина на Сурчин. Тоа претходно удрило во бандера, се превртело, запалило и комплетно изгорело.
Возачот кој бил зад воланот веднаш го напуштил возилото.
Подоцна пејачката потврди дека возилото било нејзино и дека го возел другар на нејзиниот син Мирко.
“ Мирко му ја даде колата на еден негов другар. На среќа никој не е повреден, а автомобилот е комплетно уништен. Мирко нема врска со ова, освен што му го дал возилото на другар му“ изјавила за курир. рс, Божиновска,
(фото: Дамир Дервишагиќ)