Руската порно актерка Елена Беркова (34) се кандидира за гувернерка на северот на Русија во регионот на Мурманск. Кампањата ја почна со прашањето што им го постави од своите следбеници на Инстаграм, кои се потенцијално нејзини идни гласачи.
„Со кои проблеми се соочувате во вашиот град? Како стојат работите во болниците, училиштата, градинките, становите? Сакам да дознаам повеќе за секојдневниот живот во Мурманск. Јас сум со тебе”, напиша Елена. Говорејќи на локалното руско радио, Елена вети дека ќе објави политичката програма штом ќе ја финализира одлуката.
Инаку, Елена ја најави својата политичка кариера уште во 2009 година, кога сакаше да се кандидира на југот на земјата во Сочи. Тогаш сними видео за кампањата. Во 2018 година таа сакаше да се бори на претседателските избори со Путин кога вети дека ќе воведе предмет – секс во училиштата и дека сексуалното вознемирување ќе го казни со смрт. Но, Елена тогаш немаше 35 години според руските закони, па мораше да се откаже.
Ex-porn star heats up presidential race in Russia with explicit bid & programREAD MORE: on.rt.com/8r96
Posted by RT Play on Friday, November 3, 2017