Поранешната голманка на Вардар, Ина Суслина стана мајка. Таа на свет донесе девојче кое ќе се вика Миа.
Инаку, откако пред две години ја заврши кариерата во дресот на Вардар, ракометарката остана во Македонија. Суслина остави голема трага во Вардар каде мина неколку убави сезони во клубот со кој учествуваше на пет Ф4 турнири во минатите пет години. После распуштањето на тимот кој освои три трети места и две втори, минатото лето Ина Суслина се повлече од ракометот.