Манекенката Тереза Хлускова доби казна затвор од 8 години во Пакистан, откако се обидела да прошверцува хероин вреден над милион долари. Тереза на глас плачеше кога ја дозна затворската казна во судот во Лахоре, на истокот на Пакистан.
22 – годишната чешка манекенка била уапсена додека се обидувала да прошверцува 6 килограми хероин во јануари минатата година преку аеродромот во Лахоре. Таа од таму требало да патува во Ирска преку Дубаи .
Нејзиниот адвокат изјави дека ќе се жали на пресудата. Таа исто така треба да плати и парична казна од 800 американски долари.