Холивудскиот актер Пирс Броснан (65) и неговата сопруга Кили Шај Смет во брак се 17 години и таа го следи на сите негови снимања. Кили е често цел на критики на јавноста поради нејзината килажа, но на Пирс тоа воопшто не му смета. Таа постојано се бори со вишокот на килограми.
Тие се фотографирани од папараците како возат велосипеди во Малибу.
Инаку, актерот кој се смета за еден од најзгодните во Холивуд, во 1994 година ја сретна Кили во Мексико, а седум години подоцна се венчаа во Ирска. Тој и е посветен веќе 24 години.
Претходно, Броснан беше во брак со актерката Касандра Харис која во 1991 година почина од рак. Тој во 2013 ја загуби и посвоената ќерка Шарлот која исто така почина од рак.