Ватерполо клубот Партизан во својата историја освоил седум титули на првак на Европа, а вкупно има 75 големи трофеи , па сепак е пред згаснување.
Клубот е во голема криза и пред згаснување. На Партизан му се заканува стечај и се попишуват клупските трофеи и инвентар. Стечајот го отвори комуналното претпријатие за хигиена на Белград.
“ Уште одамна се што имаме во клубот ни е попишано. Им го понудивме и пехарот на Лигата на шампионите . Тој е од непроценлива вредност , па и н его нека го стават на попис. Ни однесоа и некој стар фрижидер , во кој ладиме вода и сок за судиите и делегатите.” , вели директорката на клубот Татјана Ракас.
Клубот нема пари ниту да им ја загрее водата на ватерполистите за да тренираат или да се натпреваруваат, така што екипата на седумкратниот европски првак и околу 300 млади ватерполисти се снаоѓаат на базените низ Белград.