Каролина Гочева дефинитивно е една од најубавите жени кои некогаш се појавиле на македонската естрада. Без скандали зад своето име, Каролина веќе неколку години успешно работи на нејзината кариера а тоа го покажуваат прегледите на нејзните песни на интернет каналите, но и распродадените концерти.
Народниот мелост што знае да го вметне во некоја од нејзините песни, дава посебен шмек и убавина на нејзините композиции.
Таа е во полн ек од ангажмани, а на својот профил на Истаграм таа секојдневно поставува прекрасни фотографии. На последната објава таа постираше фотка од 2001 години.
– Најдов стара фотографија, поточно @wilmaflintstone_ е задолжена за фотки од архива, па ми ја испрати :)) ова е далечната 2001, фотосесија за вториот албум, ме сликаше Кире Галевски, – напиша Каролина под фотографијата.
Дел од коментарите е дека црна боја на косата подобро и стои и дека сега е премногу слаба.
-Преубава беше тогаш, еве и самата слика кажува, а сега си премногу слаба и таквата светла боја на коса не ти стои воопшто, – гласи еден од коментарите.