Ако возите велосипед и шетате куче ќе бидете казнети 50 евра

by Тони Зографски

Велосипедист или возач на мотоцикл не смее да води домашно милениче со себе додека управува со едно од овие две превозни средства. Во спротивно, казната која е предвидена за ваков прекршок изнесува 50 евра.

Освен оваа мерка Законот предвидува и глоба од 50 евра ако возач на велосипед со помошен мотор, мопед, се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина над 25км/час.

Исто толкава глоба ќе заработи и велосипедистот или мотоциклистот ако ги симне рацете од управувачот, се придржува за друго возило или влече предмети. Казна од 50 евра ќе заработи детето до 14-годишна возраст и неговиот родител поради превезување на други лица на велосипедот. Задолжителен е шлемот на глава, рефлектирачки елек во ноќни услови, а глобата е исто така 50 евра.

 

останати вести