Милојко Божиќ (74) и Милијана Богдановиќ (21) овие денови се најпознат пар во Пожега. Разликата во години од дури пет децении нималку не им смета, иако, кога Милијана се родила Милојко веќе бил пензионер. Тој ја побарал за жена во почетокот на март, а свадбата е закажана за 7.септември.
– Не читам многу коментари, тоа го прави Милијана. Коментираат луѓе кој воопшто не не познаваат, и ни прават проблеми – го започнува разговорот за курир.рс Милојко кои сите во местото го познаваат.
– Па кој не сака младо. Повеќе е секси, се разбира, љубење и се друго, нормално. Ние во се си одговараме, па и во сексот. Пред операцијата јас бев како да имам 30 години.
Милојко од првиот брак има три деца кои се постари од Милијана, по 40, 35 и 30 години, како и внуци од 13 и 11 години.
– Мислам дека Милијана е вистинската. Нејзе најмногу ја сакам од сите претходни жени.
Милијана откри дека од секогаш сакала постари мажи и затоа “паднала“ на Милојко која ја знае од кога се родила.
“ Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам млади дечковци, постарите од секогаш ми се допаѓале. Не сум спонзоруша, со Милојко сум оти го сакам. Без него никаде не одам“ – вели Милијана.
– Ја знам од како се роди. Кога порасна, се шетавме, се дружевме и ништо повеќе. Кога ја имав операцијата, ме чуваше, два пати дневно доаѓаше кај мене. Еден ден ме праша дали да спие кај мене. Ме чуваше, се заљуби во мене, и ја исто во неа, – раскажува Милојко и открива дека единствен проблем меѓу нив е љубомората.
– Многу е љубоморна. Јас многу помалку. Многу е чувствителна, не е добро тоа за неа.
Инаку, среќниот пар планира својот брачен живот да го помине во куќата на младоженецот во селот Пилатовиќ, во близината на Пожега.