Со Новак Ѓоковиќ дефинитивно се е шоу. Овој пат најдобриот светски тенисер одлучи со своите следбеници да го отвори прозорецот на својот свет.
По елиминацијата во Индијан Велс, Ноле продолжи напорно да работи во “калифорниската пустина“ и во живо на Инстаграм го пренесуваше еден од своите тренинзи на влезот во тенискиот комплекс.
– Сакав со вас да ја поделам нашата рутина. Местото и времето, дождот или што и да биде е неважно, тренинг, батко, или под мeч – рече во шега српскиот ас.
Во еден момент екипата околу Новак, меѓу кои беше и неговиот брат Ѓорѓе, осетила нешто чудно во ваздухот.
– Некој на паркингот дува марихуана, се чувствува – рече Новак, а Ѓорѓе се надоврза:
– Ова е Калифорнија, овде е се легално.
По завршување на тренингот со трчање со тег, Ноле за крај ја остави посебната вежба – носење на Ѓорѓе на грб во полн трк.
– Каков товар. Изгледа ја сум единствен во фамилијата кој може да ослабе – рече Новак одкако на грбот му скокна брат му.