Моторната пила што ја носеше еден од демонстрантите при упадот во зградата на Радио телевизија Србија, по нивното повлекување, останала во канцеларијата на директорот Драган Бујошевиќ.
“ Демонстрантот кој со маска ја носеше моторната пила планирал додека трае обраќањето во вториот дневник таа да биде на масата. Потоа го предомисливиме и откако демонстрантите си заминаа таа остана како потсетник за нападот на нашата куќа, изјави уредникот на вториот дневник на РТС, Душан Убовиќ.
Тој опиша што се случувало во саботата вечер.
“ Обезбедувањето ми јави дека демонстрантите упаѓаат во зградата. Им реков на колегите од режија да се заклучат. Колешките беа уплашени, а Бошко Обрадовиќ ми префрли зошто не сме известувале од протестите. Потоа почна буткање, а еден од демонстрантите со маска ја држеше моторната пила. Си мислев, што ако ја запали а околу беа многу луѓе. Будала е секогаш будала. А велат дека упадот не бил насилен. Потоа стигна полицијата и горе доле состојбата се стави под контрола“.
(фото: Н. Фифиќ)