Ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп, Тифани, вчера претпладне ја напушти Србија. Тифани на белградскиот аеродром пристигнала со големо обезбедување и заедно со својоето момче Мајк го напушти Белград.
Главната причина што помладата ќерка на Трамп изненадно си замина од Белград е терористичкиот напад во Нов Зеланд каде масовниот убиец Брентон Тарант во една тамошна џамија уби 49 лица.
“ Најверојатно е издадена наредба од безбедносни причини ќерка му на Трамп под итно да се врати дома. Обично постои таква пракса кога ќе се случи терористички акт. Мислам дека во овој момент Србија е многу побезбедна од САД и на Трамп ќе му беше попаметно да ја остави Тифани во Белград“ изјавил за ало.рс Божидар Спасиќ кој работел во агенцијата за борба против тероризмот.
Инаку, Тифани Трамп требаше во Белград да остане 11 дена.