Ниту виновна ниту должна Ирина Шајк е вовлечена во скандалот во кој главни актери се нејзиниот сопруг Бредли Купер и Леди Гага. Имено, хемијата помеѓу актерот и пејачката сите ја приметија, а со нивниот заеднички настап со многу емоции, ја извадија од такт и Ирина која беше во публика. Потоа, почнаа приказните околу врската помеѓу Гага и Бредли, а и околу бременоста на пејачката.
Сето тоа Ирена Шајк стоечки го издржи, иако е нон стоп следена од новинарите и папараците. Последен пат таа е фотографирана од страна на светските папараци додека излегувала од теретана, а Ирина се обидела да се сокрие со јакната на глава.