Вистинската причина за престојот на ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани во Белград е закажаниот преглед кај докторот по интегративна медицина, Момир Дуњиќ. Овој вид на лекување кој сеуште е во развој на овие простори, преставува спој на најдоброто од научната медицина и клинички докажаниот метод на комплиментарните и традиционалните гранки на медицината. На Тифани и биле направени детални прегледи и дадени и се совети како да го подобри начинот на живот низ исхрана и физички активности.
Бидејќи податоците за пациентите се чуваат во најстрога тајност, а особено кога се работи за ќерка на претседателот на САД, никој не знае дали Тифани има одредени здравствени проблеми или на преглед заминала превентивно.
“ Не знам кој тоа ви го кажа. На сакам да зборувам за тоа“, кратко изјавил докторот Дуњиќ кој не демантирал дека Тифани е негов пациент.