Тијана ги покажа досега невидените фотки со сопругот  (ФОТО)

by Тони Зографски

Со фотографии кои до сега ги нема покажано Тијана Дапчевиќ му го честита роденденот на својот сопруг Милан. Тие се сретнале во Сомбор, на кошаркарски натпревар, а по четири дена почнале да живеат заедно. Се венчале во април 2001, а осум години подоцна Тијана го роди синот Вук.

https://www.instagram.com/p/Bu_b42MhS3A/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

Иако како и во секој брак има “искри“, по скоро две децении Тијана и Милан се сакаат како и по првиот ден од познанството. Таа за роденден на Инстаграм му напиша:

–  Љубов моја единствена, среќен нека  ти е убавиот ден. Да си среќен, здрав, насмеан и спокоен уште два пати по толку. Те сакам, – напиша Тијана и поддели фотографии кои досега ги нема објавено.

останати вести